Куманово во трилер-меч до победа над Мулти Есенс

Тимот на Куманово успеа да освои важни бодови во битката за опстанок во суперлигашкото друштво, откако славеше на домашен терен во супер-интересен меч над Мулти Есенс со минимални 29-28.

Најдобри стрелци во победничкиот тим беа Наум Костов со десет и Стефан Атанасовски со пет погодоци, додека кај тимот од Автокоманда се Димитар Узунчев и Михаил Иваноски со по пет гола.

Со оваа победа Куманово сега е на второто место на табелата со 17 бода, зад лидерот Прилеп кој има 18 бода, но и натпревар помалку.

Се вчитува...