Куманово заигра кошарка, ама Блокотехна убедливо победи

Кошаркарите на Блокотехна убедливо го добија дуелот против Куманово (65-80) во петтото коло од Суперлигата. Кумановци заиграа по суспензијата, но очигледно дека се уште делуваат бавно и Блокотехна ги прелета без проблем. Тимот на Марјан Илиевски делуваше убедливо и славеше заслужен триумф.

Куманово го доби првиот период со 21-17, но потоа се беше во знакот на Блокотехна. Гостите на одмор заминаа со пет поени предност (34-39), а ја зголемија на двоцифрена разлика по 30 минути игра. На крајот и рутински го приведоа мечот до победа.

Кенет Фундербург со 19 поени и Брендон Пен и Божо Думиќ со по 18 поени беа предводници во гостинскиот состав, а единствен расположен играч кај кумановци беше Бранислав Ѓекиќ со 21 постигнат поен.

Се вчитува...