Кумановци и со „топло-ладна игра“ го препливаа Вардар

Куманово прокнижи нови бодови на прволигашката табела откако тимот на Александар Петровиќ вечерва славеше над Вардар со резултат 81-70. Кумановци покажаа сериозни осцилации во играта, но сепак поседуваат доволно искуство и квалитет за да стигнат до триумф и во ситуација кога не играат најдобро.

„Вардарци“ изненадија со подобра игра во првата четвртина, што гостинскиот тим ја доби со резултат 12-16. Тоа беше само мотив повеќе за домашните кошаркари конечно да влезат во посакуваниот ритам, во втората четртина да постигнат 31 поен (31-14) и да го свртат резултатот во своја полза. Гостите од Скопје во последната четвртина дојдоа на шест поени негатива (72-66), но Куманово не дозволи пресврт, Младеновиќ со тројка стави крај на надежите на Вардар за чудо на овој натпревар.

Миладиновиќ беше во главна улога кај Куманово со 26 поени и 12 скокови, додека Младеновиќ реализираше 9 поени и 11 асистенции. Најефикасен кај Вардар беше Американецот Њус со 24 постигнати поени.

Се вчитува...