Кумановци поразени од Пелистер на тестот во Битола

Кошаркарите на Куманово запишаа пораз од Пелистер со 79-76 на пријателскиот натпревар кој се одигра во спортската сала „Боро Чурлевски“ во Битола.

За кумановци ова беше трет подготвителен натпревар и прв пораз по двете претходни победи против екипи од Србија. За Пелистер, пак, прв пријателски дуел на свој терен и прва победа откако претходно загуби на гостувањето против Блокотехна во Гевгелија.

 

Се вчитува...