Кумановци с’с аеродромски мезал’к: Падна МЗТ во дербито (101-95)

Актуелниот шампион МЗТ Скопје Аеродром загуби на гостувањето во Куманово со 101-95, и си ја отежна работата во трката за втората позиција на табелата во Суперлигата, во пресрет на плејофот. Кумановци затоа речиси го осигураа четвртото место, и тоа со аеродромски мезал’к.

„Металците“ имаа и двоцифрена предност (44-54) на полувремето, но ја загубија, а потоа Куманово беше многу поблиску до триумф. Се влезе во неизвесна завршница, а на две минути пред крајот Мирко Ковач погоди тројка за водство на домаќинот (93-90). Трајковски не возврати, а потоа Марјан Јанески погоди уште една  „луда тројка“ за шест поени позитива.

Но, возбудувањата продолжија. Намали Синовец, а потоа Мекиќ направи фаул „за три“ над Дамјан Стојановски. Ги реализираше слободните фрлања за уште понеизвесен финиш (96-95). Мекиќ потоа застана на линијата, погоди двапати (98-95), а Војдан Стојановски не реализираше тројка. Стајиќ го докрајчи шампионот за конечни 101-95.

Бобан Стајиќ постигна 22 поени во победничкиот тим, Марјан Јанески уфрли два помалку, додека „металецот“ Стефан Синовец беше најефикасен на мечот со 23 поени.

Се вчитува...