Кумановци стигнаа до 120 во триумфот над Шкупи

Кошаркарите на Куманово на домашен терен славеа убедлива победа против Шкупи со 120-90  во натпреварот од 10.коло од македонската. Супер лига. Со оваа петта победа сезонава, кумановци со 15 бода се изедначија со Гостивар и со Фени Индустри кои имаат и по натпревар помалку.

Домаќините се одлепија уште во првата четвртина од натпреварот која ја добија со 36-22. Доминацијата на Куманово продолжи и во втората четвртина со уште десет поени разлика (35-25).

Предноста на домашниот состав беше недостижна за кошаркарите на Шкупи и во втората половина од мечот Куманово само ја потврди убедливата победа со 30 поени разлика.

Најефикасни во триумфот на Куманово беа Думиќ со 20 поени, два скока и дури 13 асистенции и Петровски кој додаде 18 поени, четири скока и две асистенции.

Во гостинскиот состав Богдановски и Рангелов постигнаа по 15 чпоени и по три скока.

Се вчитува...