Куни Моралес останува уште една сезона во Вардар

Десниот бек на ракометниот шампион на Македонија, Куни Моралес го продолжи договорот со Вардар и ќе игра во „црвено-црниот“ дрес и следната сезона.
Леворакиот бек имаше одлични партии во дресот на македонскиот првак.
„Бескомпромисен борец и вистински професионалец, и на задоволство на двете страни е продолжена соработката за најмалку уште една сезона. Моралес и во иднина ќе ги „кине“ ривалските мрежи, не само во домашното првенство туку и во Лигата на шампионите“, стои во соопштението на РК Вардар. 
Сезонава Моралес постигна 36 гола на 12 натпревари во Лигата на шампионите, а во домашното првенство постигна 86 гола во регуларниот дел и во плејофот. Неговите голови беа и дел од Топ-5 голови на колото во лигата на шампионите и во СЕХА лигата.

Се вчитува...