КУП 1/4 ФИНАЛЕ: Пеналите ќе ги одлучуваат сите три полуфиналисти

Никаде немаше победник на трите одиграни натпревари во 1/4 финалето од Купот на Македонија. Само во Кратово имаше голови, но и таму мечот заврши нерешено.

Натпреварите Шкендија – Струга Т.Л. и Македонија ЃП – Шкупи завршија 0:0, додека Силекс и Брегалница играа 1:1.

Брегалница поведе со гол на Ѓокиќ, додека израмни Каланоски.

Дуелот во Битола помеѓу Пелистер и Вардар не се играше поради лоша ситуација на теренот.

Се вчитува...