Куп Емирати: Арсенал со „петарда“ за Бенфика

Арсенал и Бенфика одиграа фантастичен натпревар на стартот од „Емирати купот“ во Лондон, во кој „топчиите“ славеа со убедливи 5-2 над шампионот на Португалија. Тео Волкот постигна два гола во првото полувреме, на одмор се замина со резултат 2-2, пред тимот на Арсен Венгер целосно да доминира во вторите 45 минути и да стигне до триумф со погодоците на Лопез (автогол), Ивоби и Жиру.

All Goals & Highlights – Arsenal 5 – 2 Benfica… by ZidaneHDВо првиот дуел од овој силен турнир Севилја триумфираше над Лајпциг со 1-0, благодарение на голот на Бен Једер од пенал во 35. минута.

RB Leipzig vs Sevilla 0-1 ~ Goal & Highlights by highlightsgoals2017

Се вчитува...