Куп на Македонијa: Пелистер против Силекс и Струга ТиЛ со Македонија ЃП

Пелистер – Силекс и Струга Трим и Лум – Македонија Ѓорче Петров се паровите во полуфиналето на Националниот фудбалски куп на Македонија, одлучи денешната ждрепка која се одржа во просториите на Фудбалската федерација на Македонија.

Во полуфиналето ќе се одигра еден натпревар, а мечевите се закажани за 20. април во 16 часот. Финалето кое ќе се игра на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје е закажано за 20. мај.

 

 

Се вчитува...