КУП НА МАКЕДОНИЈА: Познати двојките – Пелистер од пол-позиција, МЗТ против Гостивар

Со комплетирање на 11. коло од Првата кошаркаркса лига ги добивме и патниците во Купот на Македонија за 2022 година кој ќе се одигра од 18 до 20 февруари. Во него учество ќе најдат првопласираните осум екипи кои ќе разигруваат од четвртфиналето, нешто што е пракса во последните години.

Истиот ќе се одвива по системот 1-8, 2-7, 3-6, 4-5 со што го добивме следните натпреварувачки двојки:

⋅ (1) Пелистер – (8) ТФТ,
⋅ (2) МЗТ Скопје Аеродром – (7) Гостивар,
⋅ (3) Работнички – (6) Феникс 2010,
⋅ (4) Навико Академија ФМП – (5) Еуро Никел 2005

Кај екипите со изедначен број на победи и порази како Работнички и Академија ФМП, односно Еуро Никел, Гостивар и Феникс 2010 пресудија меѓусебните дуели во кои Работнички славеше со 100-77 над ФМП. Еуро Никел ги доби двата дуела против Гостивар и Феникс 2010, а новалијата во лигата беше подобар од Гостивар на домашен терен па во дебито на натпреварувањето ќе се сретне со третопласираниот Работнички.

Лидерот на табелата Пелсистер и бранителот на трофејот МЗТ Скопје силите ќе можат да си ги одмерат во полуфиналето, а вечното дерби е можно во полуфиналето.

Се вчитува...