Куп на Македонија: Шкендија и Шкупи на гости против Кит Го и Велешта, Борец против Њу Старс

Денеска од 15 часот последните три натпревари од 1/16-финалето во Купот на Македонија.

Шкендија и Шкупи ги очекуваат гостувањата против Кит Го односно Велешта водени од фаворитската улога за пласман понатаму во најмасовното домашно клупско натпреварување.

Дуелот меѓу Кит Го и Шкендија ќе се игра во Штип, каде оваа сезона тетовци еднаш ремизираа, но со Брегалница во шампионатот од Првата лига. Во последниот денешен натпревар Борец ќе му гостува на третолигашот Њу Старс во Скопје.

Претходно пласман во осминафиналето од Купот на Македонија веќе обезбедија Силекс, Академија Пандев, Македонија ЃП, Вардар, Брегалница, Скопје, Охрид, Пелистер, Ренова, Беласица, Работнички, Тиквеш и Струга ТЛ.

Се вчитува...