Куп на Шпанија: Барселона го елиминира Леванте

Барселона обезбеди пласман во четвртфиналето на Купот на Шпанија откако во реваншот на „Камп Ноу“ го совлада Леванте со 3-0. Со ова каталонскиот тим ја надомести негативата од првиот меч (1-2). Енис Барди беше дел од тимот на гостувањето кај Барселона. Осман Дембеле беше стрелец на два гола за составот на Унаи Емери, а Лионел Меси го постави конечниот резултат.

Еспањол исто така оди во следната рунда откако го доби Вилјареал дома со 3-1. Бетис се пласира во четвртфиналето играјќи 2-2 на гости против Реал Сосиедад. Првиот меч заврши без голови.

 

Се вчитува...