Куп на Шпанија: „Кралевите“ во голеада обезбедија два гола предност против Џирона

Реал Мадрид со два гола предност ќе патува на реваншот против Џирона во четвртфиналето на Купот на Шпанија. „Кралевите“ на домашен терен славеа со 4-2 и обезбедија солидна предност пред вториот меч.

Џирона поведе преку Лозано во седмата минута, но Лукас Васкес израмни само десетина минути подоцна. Серхио Рамос со „паненка“, мајсторски од пенал донесе водство за „кралевите“ пред крајот на првото полувреме, но во вториот дел беше досудена најстрога казна и за гостите. Ја реализираше Гранел за 2-2.

Сепак, во финишот Реал Мадрид стигна до триумф. Серхио Рамос беше стрелец на уште еден погодок за ново водство, а Карим Бензема го постигна четвртиот гол за составот на Сантијаго Солари.

Еспањол и Бетис одиграа 1-1. Иглесијас ги доведе домашните водство, а израмни Санабрија во 81.минута.

Се вчитува...