Куп на Шпанија: Нема невозможни мисии за Барселона, се увери и Севилја

Барселона се пласира во полуфиналето на Купот на Шпанија, откако ја совлада Севилја со 6-1 на „Камп Ноу“. Тоа беше и повеќе од доволно за да се анулира негативата од првиот меч (0-2). Каталонскиот тим уште еднаш покажа дека за нив нема невозможна мисија.

Кутињо од пенал ја доведе Барса во водство, а во 27.минута Евер Банега не искористи удар од белата точка за Севилја. Ракитиќ до крајот на првиот дел зголеми на 2-0 и ја анулира негативата од првиот дуел во Севилја.

Кутињо и Серхи Роберто за две минути постигнаа два гола на почетокот на второто полувреме и Барселона имаше убедливи 4-0. Арана постигна гол за надеж за гостите, но во финишот Луис Суарез и Лионел Меси го поставија конечниот резултат, 6-1.

Во полуфиналето е и Бетис, откако по продолженија го елиминира Еспањол, славејќи со 3-1.

Се вчитува...