Куп на Шпанија: Севилја се протна и со пораз, Атлетико Мадрид елиминиран

Севилја успеа да се пласира во четвртфиналето на Купот на Шпанија, иако го загуби реваншот на домашен терен од Атлетик Билбао со 0-1. Стрелец на победничкиот гол беше Гурузета во 77.минута, но Севилја имаше предност од 3-1 од првиот меч.

Настрада Атлетико Мадрид, а изненадувањето го направи Џирона, играјќи 3-3 на „Ванда Метрополитано“. Тоа беше доволно за Џирона да оствари пласман во следното коло, откако првиот меч заврши 1-1. Думбија во 88.минута постигна израмнувачки погодок за Џирона и ги шокираше фудбалерите на Атлетико Мадрид.

Се вчитува...