КУП: Петровиќ и Самарџиев против „своите“, можно ли е „вечно“ финале?

Првиот ден од Купот на Македонија ни приреди одлични четири натпревари во кои видовме добра кошарка со бројни надмудрувања на паркетот. Херојот на денот беше тимот на Академија ФМП кој го совлада Пелистер на отварањето на турнирот и повторно го нагласи фактот дека во вакво натпреварување нема фаворити.

Академија ФМП, Работнички, Еуро Никел и МЗТ Скопје немаа многу време за одмор бидејќи веќе денеска во етерот се полуфиналните средби во кои Александар Петровиќ и Горан Самарџиев ќе се обидат да го земат скалпот на своите поранешни клубови и да спречат „вечно“ финале.

Првиот натпревар е закажан за 17 часот и во него Академија ФМП ќе се сретне со МЗТ Скопје. Тимот од Кисела Вода докажа дека може да се носи со аеродромци на првиот меѓусебен натпревар сезонава, но пак „сино-белите“ ја покажаа својата доминација во „реваншот“ кој заврши со убедлива победа на составот од „Јане Сандански“.

Во Куп средбите одлучувачка предност е одморот, а тој е во полза на МЗТ Скопје кој и покрај тоа што својот натпревар го заврши околку 21 часот, на натпреварот против Куманово, сите играчи во „сино-бело“ добија шанса на паркетот. За разлика од нив, ФМП имаше речиси 24 часа да се рехабилитира од дуелот против Пелистер, но товарот на тој натпревар го зема речиси целата стартна петорка. Во тој поглед многу значаен ќе биде учинокот на Лука Стојановски и Валмир Какруки од клупата, но и играта во дефанзивата на Лука Петровски.

Вториот финалист ќе биде одлучен од 17 часот и 30 минути, натпревар во кој силите ќе си ги одмерат Работнички и Еуро Никел. Овие два тима одиграа сосема заралични средби во четвртфиналето, избраниците на Мираковски по тешка борба на самиот крај на дуелот успеаја да го скршат отпорот на ТФТ, додека кавадарчани одиграа префектни 30. минути по кои имаа и предност од 30 поени во дуелот против Гостивар.

Подолгата клупа на овој меч ќе ја има скопскиот состав, кој за разлика од натпреварот против ТФТ во своите редови ќе го има Иван Аска кој беше прекубројниот странец на првиот натпревар. Работнички ќе биде „освежен“ за битката под обрачот каде против гостиварци „царуваше“ Рикиќ, но проблемот за тренерот Мираковски се бековските позиции кои претрпеа голем товар против ТФТ.

Доколку судиме по првиот ден на турнирот, ни претстојат две одлични дуела кои ќе можете да ги погледнете на МТВ 3.

Се вчитува...