Куп-трофејот како добра утеха за Ленс

Ленс се закити со трофејот во Купот на Франција откако оваа екипа во вечерашното финале успеа да триумфира над Ница со убедливи 3-1.

Тимот на Ленс цела сезона играше одличнeн фудбал, до две рунди до крајот беше во трка за титулата со ПСЖ, „светците“ на крајот стигнаа до титулата, но куп-трофејот е добра утеха за Ленс и награда за прикажаното во последните десет месеци.

Тован беше играчот што го отвори резултатот во 25. минута, пред крајот на првото полувреме Едуард зголеми на 2-0, но на одмор се замина со 2-1 откако Кулибали стрелаше прецизно за Ница во четвртата минута од судиското продолжение.

Сите дилеми околу победникот и освојувачот на трофејот беа разрешени со погодокот што го постигна Сима во 78. минута.

Се вчитува...