Куриер: Само еден човек може да го добие Надал на Ролан Гарос

Поранешниот прв рекет на светот, Џим Куриер верува дека само Новак Ѓоковиќ можел да се носи со Надал на овогодинешното издание на Ролан Гарос.

„Постои само еден човек кој може да го совлада Рафаел Надал кога тој е вистинскиот на Ролан Гарос, а тој човек загуби во полуфиналето. Тоа е Новак“, изјави Куриер, кој во кариерата на двапати ги освојуваше Австралија опен и Ролан Гарос. 

Со победата над Доминик Тим во големото финале, Рафаел Надал стигна до 12. титула во Париз, а вкупно 18. грен-слем, додека Ѓоковиќ само еднаш има славено на Ролан Гарос, а вкупно има 15 трофеи.

Се вчитува...