Куртоа и фати сеир на Барса: Само кога ќе се сетам, се радуваа како да станале шампиони…

Реал Мадрид ја прослави 35. титула во шпанската Ла Лига, откако „кралевите“ на четири кола до крајот создадоа недостижна предност за ривалите.

Прославата не траеше премногу долго бидејќи Реал го очекува реваншот од Лигата на Шампионите со Манчестер Сити, но голманот Тибо Куртоа не заборави да ги „пецне“ вечните ривали од Барселона, потсетувајќи ги на фуриозната прослава на последното Ел Класико.

„Само кога ќе се сетам… се радуваа како да станале шампиони, а победија само на еден меч… Ние покажавме дека сме најдобри и затоа сме шампиони на неколку кола пред крајот на сезоната“, истакна Куртоа.

Се вчитува...