Куртоа: Не е фер Барса да стане шампион, покажавме дека сме подобри од нив

Голманот на Реал Мадрид, Тибо Куртоа, гласно се спротивстави на идејата Барселона да ја добие титулата во Ла Лига доколку сезоната предвреме биде прогласена за завршена. Шпанските клубови добија зелено светло наскоро да почнат со индивидуални тренинзи, но се уште е неизвесно дали и кога ќе може да продолжи сезоната во елитното шпанско фудбалско друштво.

Ако биде прогласен крај, Барселона како лидер би требало да стигне до трофејот, но Куртоа смета дека тоа би било неправедно.

„Имаме само два бода помалку од Барса. Ако биде прогласено каталонскиот тим да биде првак, не би било фер бидејќи во меѓусебните дуели имаме една победа и едно реми против нив. Покажавме дека сме подобри од Барселона. Во Англија ситуацијата е поинаква, Ливерпул е далеку пред сите, но кај нас не би требало да се именува првак при така мала разлика и предвремен прекин. Мислам дека сезоната треба да се заврши на терен, но безбедноста мора да биде на прво место. Оваа болест не е нималку наивна бидејќи може да си заразен, а воопшто да не знаеш бидејќи симптомите не се појавуваат кај секого“, истакна Куртоа.

Се вчитува...