Куртоа: Навивачите на Челси ме мразат, а не ја знаат целата вистина

Белгискиот голман Тибо Куртоа се најде на мета на навивачите на Челси по коментарот на сметка на својот довчерашен клуб.

Куртоа ова лето се одлучи да ги напушти „сините“ и да потпише за Реал Мадрид, а само неколку недели потоа изјави дека „кралскиот клуб“ во секој поглед е неколку класи на Челси. Тоа секако ги налути англиските навивачи. Па, Белгиецот по сето тоа повторно се огласи во обид малку да ја смири ситуацијата.

„Навистина сум тажен, меѓу другото и поради тоа што очигледно навивачите не ја знаат целата вистина. Уште во март одлучив да го напуштам клубот, а Челси тоа веднаш го прифати. Не сакав да зборувам за тоа се додека не се случи, а тие воопшто не се ни потрудија да ме задржат“ – вели Куртоа.

Се вчитува...