Куртоа шест години ќе го брани голот на Реал Мадрид, Матео Ковачиќ на позајмица во Челси

Белгискиот голман Тибо Куртоа и официјално е нов член на европскиот првак Реал Мадрид. Тој се враќа во Примера, каде порано го носеше дресот на градскиот ривал Атлетико Мадрид, но сега како огромно засилување на „кралскиот клуб“.

Раководството на Реал Мадрид долг период ’ловеше’ нов квалитетен голман, беше блиску до ангажман на Давид Де Хеа во минатото, но сега Куртоа и официјално е нов „крал“ и ќе го брани голот во наредните шест сезони. Тој имаше одлични настапи во дресот на англискиот Челси, како и на голот на белгиската фудбалска репрезентација.

Како дел од овој трансфер, на позајмица во Челси за претстојната сезона заминува Матео Ковачиќ.

Хрватот инсистираше да замине од „Сантијаго Бернабеу“ во друга средина и да добие поголема минутажа, па сега тоа ќе го очекува од новиот менаџер, Италијанецот Маурицио Сари.

Се вчитува...