Куртоа: Судиите повеќе го почитуваат Реал во Европа отколку во Шпанија

Тибо Куртоа го крена гласот против шпанските судии, обвинувајќи ги арбитрите од Ла Лига дека не покажуваат доволно почит кон фудбалерите на Реал Мадрид.

На еден ден пред големото финале на Копа Дел Реј во кое Реал ќе се сретне со Осасуна, Куртоа јасно стави до знаење дека е незадоволен од третманот што тој и неговите фудбалери го имаат кај арбитрите.

„На последниот меч бевме лесна мета за арбитрите. Не можам да разберам, на првиот протест веднаш ни се покажува жолт картон, а стартовите врз нас се жестоки. Мораме да бидеме мирни, да не им даваме повод на судиите да ги вадат картони од џеб. Можам да кажам дека во Европа сме многу попочитувани отколку во Шпанија. Се гледа од третманот што го има Винисиус, но и целиот тим. Немавме ниту еден проблем ниту со Челси ниту со Ливерпул, а тоа беа исклучително тешки натпревари“, изјави Куртоа.

Се вчитува...