Куртони најбрза на спустот во Сент Мориц, Гоџа до второ место со скршена рака

Италијанската скијачка Елена Куртони е победничка на спуст трката која утрово се возеше во швајцарскиот ски-центар Сент Мориц. Италијанката до победата во тешки услови стигна со време од 1:09.40 минута.

Сепак, вистински победник денеска е лидерката во пласманот во спуст, Софија Гоџа која успеа патеката да ја помине со скршеница на левата дланка, а на крајот заостануваше само 29 стоти делови зад сонародничката. Како третопласирана заврши Швајцарката, Корине Сутер со заостанување од 73 стотинки зад времето на победничката.

Утре исто така во Сент Мориц не очекува нов спуст, на кој најверојатно нема да ја видиме Софија Гоџа.

Се вчитува...