Кутињо бил повреден „поради стрес“, но сега ќе игра за Бразил

Филипе Кутињо ги пропушти првите три средби на Ливерпул во Премиер-лигата, Јирген Клоп го правдаше со повреда на грбот, потоа и со настинка, но штом замина за Бразил овој фудбалер експресно оздраве, па сега ќе настапи за „кариоките“ на претстојните квалификациски натпревари.

Сега во целата сага се вклучи и докторот на бразилската репрезентација, Мајкл Симони, кој посочи дека за „повредата“ на Кутињо виновни биле челниците на Ливерпул поради стресот што го предизвикуваат кај фудбалерот.

Кутињо навистина беше повреден, а болката што ја чувствуваше беше резултат на стрес, поради огромниот притисок и неизвесноста околу иднината. Сепак, тој сега е подготвен да тренира и да игра за репрезентацијата“ – изјави Симони.

Во меѓувреме, нема преголеми промени околу трансферот, каталонските медиуми секојдневно тврдат дека преговорите се движат во позитивна насока, додека од раководството на Ливерпул одбиваат воопшто да седнат на маса и да разговараат за продажбата на својот најдобар фудбалер. Сепак, до крајот на преодниот рок има уште неколку дена и се може да се промени.

Се вчитува...