Кутињо: Бројот на Робен е голема одговорност

Бразилскиот фудбалер Филипе Кутињо е новото засилување на германскиот гигант Баерн Минхен. Тој е среќен што премина во редовите на „баварците“ каде во новата сезона ќе го носи дресот со број „10“ кој во минатото во клубот го носеше Арјен Робен. Кутињо смета дека е голема одговорност што ќе го носи бројот на Кутињо, но се надева дека ќе успее да ја оправда довербата која му е дадена од клубот.

„Дресот на Баерн и посебно „10“ се голема одговорност. Тој дрес му припаѓаше на Арјен Робен, една од легендите на нашата игра. Се надевам дека со добра игра ќе ги оправдам очекувањата“, изјави Кутињо. 

Клубот од Минхен е должен за позајмицата на Барселона да и отплати 8,5 милиони евра, а во договорот постои опција со која Баерн може да го откупи Кутињо за сума од 120 милиони евра.

Се вчитува...