Кутињо го молел Клоп да го врати во Ливерпул

Филипе Кутињо е свесен дека нема да добие шанса за ново докажување во Барселона, а откако доби неколку интересни понуди од Премиер-лигата бразилскиот плејмејкер јасно ставил до знаење дека негова желба е доколку се врати во Англија, тоа да биде во поранешниот клуб Ливерпул. Кутињо неславно си замина од „Енфилд“, поднесувајќи две барања за трансфер пред конечно да му биде дозволено да си замине од „Камп Ноу“, а самата одлука за преселба во Барселона беше удар за Јирген Клоп, кој неколку месеци го убедуваше Бразилецот да остане на „Енфилд“.

Токму поради ова Кутињо во изминатите денови лично му се јавил на Клоп, барајќи од германскиот стратег да му даде нова шанса и да побара од управата тој да биде вратен во Ливерпул. Бразилецот ја признал грешката, но Клоп сепак не се изјаснил за каков чекор ќе се реши, дали ќе му прости на Кутињо и ќе се заангажира за негов трансфер, уште повеќе откако тој ставил до знаење дека во случај на враќање во Ливерпул би се согласил и на намалување на платата.

Барселона не доби ниту една понуда за откуп на договорот, па голема е веројатноста дека Кутињо пак ќе замине на позајмица. Ливерпул би платил околу 10 милиони евра за едногодишна позајмица на фудбалерот од чија продажба веќе заработи 100 милиони евра, но сепак последниот збор ќе го има Клоп, кој ќе мора да се изјасни дали бразилскиот плејмејкер заслужува нова шанса на „Енфилд“.

Се вчитува...