Кутињо имал операција на скочниот зглоб

Бразилскиот интернационалец Фелипе Кутињо имал мала хируршка интервенција на десниот скочен зглоб, откриваат германските медиуми. Токму затоа во четвртокот Бразилецот беше „уловен“ од папараците како заминува од тренинг – базата со патерици. Вчера тој бил опериран и отстрането му е тврдо ткиво кое му создавало болка во глуждот.

Проценките се дека Кутињо ќе мора да мирува две седмици, а потоа ќе почне со тренинзи. Бундес-лигата треба да има рестарт на 9. мај, а Кутињо најверојатно нема да му биде на располагање на тренерот Ханси Флик. Тој по завршувањето на сезоната и дефинитивно ќе ја напушти „Алијанц арена“ откако Баерн Минхен одлучи да не го откупи неговиот договор од Барселона.

Се вчитува...