Кутињо ја зеде „десетката“: Баерн е предизвик за секој фудбалер

Баерн Минхен го комплетираше еден од најдобрите трансфери во овој преоден рок, откако германскиот првак за сума од само 8,5 милиони евра ја договори едногодишната позајмица на Филипе Кутињо. Каталонците бараа над 100 милиони за Бразилецот или 20 милиони за негова позајмица, но откако не добија таква понуда беа принудени да ја прифатат онаа на баварскиот гигант.

Кутињо вчера ги мина лекарските прегледи, а денеска и официјално беше претставен како суперзасилување на Баерн, земајќи го дресот со број десет во најтрофејниот германски клуб,

„Доаѓам во уште една силна лига, во еден од најдобрите клубови во Европа. Едвај чекам да почнам да настапувам, Баерн е предизвик за сите фудбалери и јас не сум исклучок“ – истакна Кутињо по потписот на договорот.

Се вчитува...