Кутињо ќе почека за своето деби, 20 дена пауза

Рекордното засилување Филипе Кутињо ќе почека за своето деби во дресот на Барселона, откако по медицинските прегледи при формализирање на трансферот е утврдено дека мора да паузира уште најмалку 20 дена.

Повредата на бутниот мускул ја заработи при неговиот последен меч во дресот на Ливерпул, на средбата против Лестер на 30. декември, а тоа значи дека Кутињо овој месец нема да се појави на тревата на „Камп Ноу“.

Барселона до крајот на јануари треба да одигра четири натпревари, реванш мечот против Селта во осминафиналната фаза од шпанскиот куп и евентуалното четвртинале доколку триумфираат над екипата од Виго, како и средбите од домашното првенство против Реал Сосиедад, Реал Бетис и Алавеш.

Се вчитува...