Кутињо ќе замине кај добро познат тренер

Барселона лошо ја изменаџира ситуацијата со Фелипе Кутињо, Бразилецот не се снајде во дресот на каталонскиот гигант, а потоа не можеше да биде продаден, туку беше испратен само на позајмица во Баерн Минхен. Проблем за каталонците е што одличниот плејмејкер не се изнаигра ниту во Баерн, што дополнително ја искомпликува ситуацијата околу неговото заминување од „Камп Ноу“.

Барса нема шанси да врати ниту 100 милиони од вложените 140 милиони за неговиот трансфер од Ливерпул, а целата ситуација се обидува да ја искористи Брендан Роџерс. Лестер според реномето не е клуб од светска класа, но Роџерс имаше беспрекорна соработка со Кутињо во Ливерпул и сега ќе се обиде да го убеди својот поранешен миленик да му се приклучи и во таборот на „лисиците“. Самиот фудбалер е свесен дека по две очајни сезони неопходно му е да мине една година играјќи стандардно и на висока класа, а со оглед на фактот дека Лестер е пред обезбедување влез во ЛШ, Роџерс има реални шанси да го убеди Бразилецот на трансфер.

Проблем секако се парите, но „лисиците“ ќе понудат само десетина милиони евра за едногодишна позајмица. Притоа, Барса би се ослободила од огромната плата од 200.000 евра неделно што премиерлигашот целосно би ја покривал, но каталонците ќе инсистираат и на вметнување на клаузула за задолжителен откуп во јуни 2021, најверојатно на околу 70 милиони евра. Преговорите ќе се интензивираат во наредниот период, но Лестер воопшто не е аутсајдер во трката по Кутињо.

Се вчитува...