Кутињо на „кризен состанок“ во Барселона

Барселона цела година го бркаше Филипе Кутињо, за на крајот да го убеди Ливерпул на продажба плаќајќи 140 милиони евра за овој мега-трансфер. Мина повеќе од една година како Кутињо е дел од каталонскиот гигант, но Бразилецот воопшто не ги оправда очекувањата, поголемиот дел од натпреварите сезонава е на клупата за резерви, а тренерот Валверде се уште бара начин да го вклопи во екипата.

За оваа седмица е закажан и „кризен состанок“ меѓу тренерот и фудбалерот, на кој ќе се дискутира за ситуацијата во која се наоѓа Кутињо, во обид да се најде решение за да се извлече максимумот од овој исклучително талентиран фудбалер. Барса една година имаше проблеми и со Дембеле, за Французинот сезонава конечно да почне да ја отплаќа инвестицијата, па каталонците се надеваат дека истото ќе се случи и со Кутињо во вториот дел од сезоната.

Едно е сигурно, Бразилецот нема да си замине до крајот на овој преоден рок, но доколку формата не му тргне во нагорна линија тогаш трансфер во јули ќе биде сериозна опција. А тука на сцена ќе стапи Манчестер Јунајтед, кој веќе има подготвено 100 милиони фунти за да го врати фудбалскиот генијалец назад во Премиер-лигата.

Се вчитува...