„Кутињо навистина знае да ги закомпликува работите“

Спортскиот директор на Баерн Минхен, Хасан Салихамиџиќ го критикуваше учинокот на Фелипе Кутињо во баварскиот клуб.

„Има моменти кога игра добро, но потоа веднаш почнува да ги компликува работите. Потребно му е да почувствува успех. Знаеме дека тој има голем потенцијал, но се уште тоа не го покажа“, вели Салихамиџиќ. 

Баерн Минхен го совлада Хофенхајм во купот на Германија, а во следното коло во Бундеслигата ќе се сретне со Лајпциг.

Се вчитува...