Кутињо останува на својот збор, нема да игра за Ливерпул во ЛШ

Трансферот на Фелипе Кутињо во Барселона не се оствари, па Бразилецот останува на својата одлука, нема да игра за Ливерпул во Лигата на шампиони, тврдат шпанските медиуми. Кутињо и натаму се надева дека Барселона повторно ќе се обиде да го ангажира, но овој пат во зимскиот преоден рок, па одлуката да не игра за клубот од „Енфилд“ е јасна, за да може да биде достапен на „каталонците“ за нокаут фазата во најелитното клупско натпреварување.

Тоа значи дека најдобриот поединец во екипата на Јирген Клоп, нема да биде во конкуренција за тимот кој ќе настапува против Севилја во среда. Ова е само продолжение на приказната од ова лето, кога под изговор дека е повреден, Кутињо не настапуваше за Ливерпул, а потоа доби повик од репрезентацијата и заигра на двата меча. Не беше во составот и викендов, кога „редси“ доживеаа дебакл од Сити, но Клоп тогаш тврдеше дека се уште не е комплетно подготвен.

Иако германскиот стратег се уште нема потврдено дали Кутињо ќе биде достапен за дуелот со Севилја, доколку е навистина така, тоа само ќе ги разгори шпекулациите околу неговото заминување уште во јануари.

 

Се вчитува...