Кутињо по Лигата на шампионите ќе дознае каде ќе игра следната сезона

Бразилскиот интернационалец Фелипе Кутињо се уште не знае каде ќе игра следната сезона. Кутињо е фудбалер на Барселона, но во туку што завршената сезона беше на позајмица во Баерн Минхен, со кој ја освои Бундеслигата, а има шанса да се радува и на трофејот во Лигата на шампионите.

Шпанските медиуми објавија дека судбината на Кутињо ќе биде позната дури по финалето во Лигата на шампионите, односно на крајот на месец август. Фудбалерот се уште нема разговарано со раководството на Каталонците, но негова одлука е дека не сака да се врати во Барселона.

Најреална опција е тој да се врати во англиската Премиер-лига каде настапуваше за Ливерпул пред траснферот на „Камп ноу“, а како најголеми кандидати за неговиот потпис се Манчестер Јунајтед и Арсенал.

Се вчитува...