Кутињо: По три меча без победа, конечно одигравме како што се очекува од Барселона

Барселона не игра најдобро во Ла Лига, но затоа е перфектна во Лигата на шампионите. Каталонскиот гигант оствари триумф (2-4) на синоќешното гостување против Тотенхем на „Вембли“. По пауза од цели две години, Кутињо е првиот фудбалер на Барселона кој постигнал гол на гостински терен, а да не се вика Лионел Меси.

„Конечно, одигравме како што се очекува од Барселона. По три меча без победа, имавме одреден психолошки товар, но и потврдивме дека овој тим има голем квалитет. Не е лесно да се победи Тотенхем во Лондон. Имаме големи амбиции во Лигата на шампионите, а Лионел Меси уште еднаш покажа дека е најголем во историјата“, изјави Кутињо.

Се вчитува...