Кутињо: Се обидовме со се…, но мора да се даде признание на Швајцарија

Филипе Кутињо беше прогласен за најдобар играч на синоќешниот дуел од СП во кој неговиот Бразил ремизираше (1-1) со Швајцарија на стартот од првенството.

Бразил поведе со фантастичен удар на Кутињо од дистанца, но Швајцарците израмнија во 50. минута по прекин…

„Понекогаш мора да дадете признание и на противникот поради начинот на кој играл. Ние пробавме се. Се обидовме и директно да пробиеме низ нивната одбрана, но беше тешко. Сепак, мислам дека имавме многу позитивни нешта во нашата игра кои ќе се обидеме да ги пренесеме во следниот меч“ – вели Кутињо.

Бразил следниот натпревар го игра на 22. јуни против Костарика. Истиот ден Швајцарија се соочува со Србија.

Се вчитува...