Кутињо се врати во тренинг центарот на Ливерпул

Ливерпул потврди дека Фелипе Кутињо денес се врати на тимскиот тренинг откако ги заврши репрезентативните обврски. Фудбалерот патуваше со бразилската репрезентација за натпреварите против Колумбија и Еквадор, и на двете средби влегуваше од клупа, а го постигна и вториот погодок во триумфот од 2-0 против Еквадор.

Бразилецот од почетокот на претсезонските подготовки не тренираше со првиот тим на Ливерпул, бидејќи наводно бил повреден, но Кутињо чекаше на трансфер во Барселона, додека ги обавуваше сите тренинг сесии на Бразил без никаков проблем. „Редси“ ги одбија сите понуди од каталонскиот клуб, а крајно разочараниот Кутињо токму поради можноста да си го оствари сонот, истакна дека нема да игра повеќе за тимот од „Енфилд“.

Сепак, Кутињо денеска беше пречекан од Јирген Клоп и останатите тренери во тренинг центарот во Мелвуд, а покрај бразилскиот плејмејкер се вратија и Роберто Фирмино, Емре Џан, Мохамед Салах, Бед Вудбурн, Доминик Соланке, Трент Александре-Арнолд, Џои Гомез и Дејан Ловрен. Садио Мане им се врати на тренинзите еден ден порано, со цел да биде „фит“ за саботното дерби со Манчестер сити на „Етихад“.

Се вчитува...