Кутињо со патерици: Нови проблеми со коленото?

Бразилскиот интернационалец Фелипе Кутињо денеска е фотографиран како излегува со патерици во рацете од клупската база на Баерн Минхен. По тренингот, тој се појавил со патерици иако не му биле потребни за да го напушти тренинг – центарот на баварскиот клуб. Претходно, Кутињо две седмици не е виден во тренинг базата.

Германските медиуми се сомневаат дека Кутињо повторно има проблеми со коленото и дека добил инструкции да одмори и да не го оптоварува. Токму затоа ќе мора да се движи со патерици.

Бразилецот во завршувањето на сезоната ќе мора да се врати во Барселона откако Баерн Минхен одлучи да не го откупи неговиот договор по двегодишната позајмица на „Алијанц арена“.

Се вчитува...