Кутињо заврши со Баерн Минхен, имал операција на глуждот

Бразилскиот интернационалец Фелипе Кутињо ја заврши одисејата во Баерн Минхен, пишуваат германските медиуми. Тој имал операција на глуждот и ќе мора да мирува околу шест седмици, а потоа ќе следи и рехабилитациски процес што значи дека Кутињо нема да може да му помогне на баварскиот тим во продолжението од сезоната во Бундес-лигата кое е планирано да стартува на 16 мај.

Баерн Минхен ќе ја очекува одлуката на ФИФА можеби околу продолжувањето на договорите за фудбалерите кои играле во тимот оваа сезона, а им истекуваат по 30 јуни. Во таква ситуација е и Кутињо, кој можеби ќе се опорави навреме за да помогне за завршницата во Лигата на шампионите.

Кутињо дефинитивно нема да остане во Баерн Минхен следната сезона, клубот одлучи да не го откупува неговиот договор од Барселона, а се споменува негово враќање во Премиер – лигата, каде заинтересирани се Челси и Њукасл.

 

Се вчитува...