Кутроне на аеродром дозна дека е продаден (видео)

Патрик Кутроне беше дел од експедицијата на Милан на турнеата низ САД, но при враќањето назад во Италија младиот голгетер беше изненаден од информацијата – дека веќе нема да биде меѓу „росонерите“ бидејќи управата решила да го продаде.

Тој пристигна од Бостон преку Франкфурт на миланскиот аеродром „Малпенса“, каде од страна на новинарите му беше соопштена информацијата дека е продаден на Вулверхемптон. „Росонерите“ веќе извесно време преговараа со англискиот премиерлигаш за продажбата на голгетерот, за на крајот да ја прифатат понудата вредна почетни 18 милиони евра.

Кутроне веднаш по пристигнувањето во Италија ќе мора експресно да замине за Англија, а реакцијата на напаѓачот најдобро става до знаење дека тој воопшто не е среќен од ваквиот развој на настаните.

Се вчитува...