Италијанската фудбалска делегација одлучи да не го казни Патрик Кутроне за голот постигнат со помош на раката, и така избегна можна суспензија од два натпревари.
По деталното прегледување на видео снимките, донесена е одлука дека Кутроне ненамерно ја удрил топката, неговата рака се нашла на погрешно место при неговото движење со телото. Исто така и земено е во предвид движењето на топката, па утврдено е дека за Кутроне било неизбежно топката да удри токму на неговата рака.
„Очигледно е дека фудбалерот се обидуваше да ја удри топката со глава, но движењето на самата топка, како и неговото природно движење на телото резултираа со одбивање на топката од неговата рака. По деталното прегледување на снимките од сите можни агли, утврдивме дека Кутроне ненамерно ја удри топката со рака, па затоа нема да биде казнет“ – стои во соошштението на делегацијата.
На друга страна пак, „фрчеа“ казни за неколку фудбалери од Серија А. Три меча суспензија доби голманот на Беневенто, Вид Белец, поради удирањето на фудбалерот на Торино, Мбаје Нианг. Фабрицио Качаторе доби забрана за неиграње на следните два натпревари поради провокација на средбата против Јувентус, додека казни од по еден меч неиграње добија Едуардо Голданига (Сасуоло), Самир (Удинезе), Пискине (Калјари), Бастиен и Кин (Верона), Лулиќ и Милинковиќ – Савиќ (Лацио), Споли (Џенова) и Пецела (Фиорентина).
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА