Кузма доби нов договор – Леброн чека вечера! (ФОТО)

Кајл Кузма доби нов договор од Лејкерс вреден 40 милиони долари за следните три години со опција да стане слободен агент на крајот на сезоната 2023/24.

Крилниот центар на тимот од Лос Анџелес беше еден од клучните играчи претхондата сезона во која како поддршка од клупата бележеше просек од 12.8 поени и 5.5 скока во регуларниот дел од сезоната, како и 10 поени и 3.1 скока по натпревар во плејофот.

Новиот договор на 25-годишниот Американец го прослави и Леброн Џејмс, кој на социјалната мрежа Твитер напиша дека следната вечера е на негова сметка.

Се вчитува...