Кузманоски: Ме радува што целиот ракомет не е стациониран само во Скопје

Горан Кузманоски имаше победничко тренерско деби откако со Прилеп ја совлада Струга во првиот натпревар од струшкиот ракометен турнир што стартуваше вчера. Сепак, поранешниот македонски репрезентативец не крие дека очекува многу подобри изданија од своите ракометари во иднина.

Задоволен сум од победата, но квалитативно можам да кажам дека потфрливме двете екипи. Разбирам дека помина долг период без тренинг и ракомет, но мора да се подобриме во периодот кој следува. Нашите играчи во екипата се нови и млади. На младите ќе им треба време да се опуштат, а на сите да се воиграме. Тому затоа го прифативме учеството на турнирот во Струга и ќе гледаме што повеќе да искористиме од шансите на мечевите кои ќе ги играме“, истакна Кузманоски.

Воедно, тој со нетрпение го очекува предизвикот што го носи водење на екипата во Супер-лигата.

„Супер лигата е многу квалитетна годинава. Групата каде што е Прилеп е потешка во однос на другата група. Но нема во спортот лесни или тешки противници. Ние се подготвуваме добро, работиме на тренинзите максимално и мислам дека ќе ги оствариме клупските цели за сезоната која доаѓа. Исто така ме радува фактот што годинава во Супер лигата има екипи од цела Македонија. Не е се стационирано во Скопје, туку ќе патуваме во Богданци и ќе играме во градови каде што години немало елитен ракомет“, вели стратегот на прилепчани.

Се вчитува...