Кузманоски: Ние сме дебитанти и ова е успешна сезона

По третата победа во сезоната од ракометната Лига на шампионите во последниот натпревар од сезоната, бекот на Еурофарм Работник, Горан Кузманоски како успешен го оценува настапот на битолската екипа во елитното натпреварување.

„Ние денеска имавме послабо прво полувреме, лошто го одигравме тој дел од мечот, но потоа покажавме карактер и желба и се вративме во игра за бодовите. Денеска ги постигнувавме тие голови кои претходно ни фалеа во натпреварите кои драматично ги губевме. Можеби некој нема да се согласи со мене, но јас мислам дека оваа сезона за нас беше успешна. Сепак, треба да се земе предвид дека сме дебитанти“ – вели Кузманоски.

Еурофарм Работник завршува на последната позиција во конкуренцијата Ц со вкупно шест бода по 10 одиграни кола.

Се вчитува...