Кузмановски: Благодарам, капитену… без тебе ќе биде уште потешко

Одлична е атмосферата во нашиот национален тим по големиот триумф во Швајцарија со кој „црвено-жолтите“ направија џиновски чекор кон пласман на ЕП 2022. Филип Кузмановски повторно даде значаен придонес и во нападот и во одбраната, а бекот на Хановер не го криеше задоволството што беа прокнижени значајни бодови во Шафхаузен.

Ова е исклучително важна победа за нас. Континуитетот од настапите на големите натпреварување е важна работа за Македонија“, изјави Кузмановски.

Воедно, тој уште еднаш го потенцираше значењето на Кире Лазаров за нашиот национален тим.

„Голема благодарност до нашиот капитен што ни помага на овие години. Со него ни е тешко, без него ќе ни биде уште потешко. Како и да е, оптимист сум. Не е лесно, притисокот е голем, потребно ни е време“, порача Кузмановски во изјава за „Балкан хендбол“.

Се вчитува...