Кузмановски: Го избравме потешкиот пат…

ЕКИПА во Виена,

Стеван Цаневски

Големо е разочарувањето во македонскиот табор по денешниот пораз од Чешка и пропуштената можност уште денеска да се резервира пласманот во следната рунда. Сега за такво нешто ќе биде неопходна победа над Австрија, и тоа најверојатно од два гола разлика, на дуелот против домаќинот на групата што ќе се игра во вторник со почеток во 18.15 часот.

„Одигравме добро во првото полувреме во одбраната, но во вториот дел ни недостигаше свежина. Дозволивме да се разигра нивниот десен бек, кој е најдобар шутер на Чешка, а во ритам влегоа и останатите играчи од бековската линија. Штета бидејќи пропуштивме одлична шанса. Го избравме потешкиот пат, дефинитивно ќе ни биде потешко со домаќинот Австрија отколку со Чешка, но нема да се предадеме, ќе дадеме се од себе“, изјави Филип Кузмановски.

Се вчитува...