Кузмановски го „торпедираше“ Лемго за огромна победа на Хановер

Хановер и Филип Кузмановски стигнаа до четвртата победа во Бундеслигата откако славеа на гостувањето кај Лемго со 31-33. Откако надокнадија негатива од 9-6, гостите стигнаа до предност од 14-18 на полувремето, а потоа со добра игра одолеаја на нападите на Лемго и ја задржаа предноста за голема победа.

Македонскиот интернационалец одигра одличен натпревар завршувајќи го истиот со пет гола од девет обиди кон противничкиот гол. А, згора на тоа додаде и една асистенција.

Со оваа победа Хановер излезе од зоната која води кон Втората германска лига и сега се наоѓа на 15. место на табелата по 11. одиграни средби.

Се вчитува...