Кузмановски и Хановер поразени од Хамбург

Филип Кузмановски и неговиот Хановер загубија на гостувањето кај Хамбург со 25-23 во 16. коло од германската ракометна Бундеслига. Првото полувреме помина во егал игра, а по 30. минути домаќините имаа предност од еден гол (14-13).

Израмната игра продолжи и во вториот дел во кој само поголемата концентрација на домашниот тим во финишот беше клучна за конечен триумф од 25-23. Македонскиот репрезентативец имаше лош натпревар во кој не се запиша во листата на стрелците.

 

 

Се вчитува...